Меморандум за соработка со Стопанската Комора на Северна Македонија
Фискалниот совет на Република Северна Македонија на 24 декември 2024 година, потпиша меморандум за Соработка со Стопанската Комора на Северна Македонија со кој се зајакнува соработката и комуникацијата помеѓу овие две институции. Со меморандумот се предвидува редовна комуникација и соработка од областа на макроекономските движења, монетарната и фискалната рамка, управување со фискалните ризици како и пренос на стручни знаења и вештини од нивна надлежност.