На седницата официјално се приклучи новоименуваниот член на Фискалниот совет, проф. д-р Дарко Лазаров. Притоа му беше посакано добредојде и беше истакната важноста од неговото приклучување кон работата на Советот. Проф. д-р Лазаров накратко се претстави и ја изрази својата подготвеност активно да учествува во реализацијата на задачите и активностите на Советот.
На истата седница беше разгледана тековната работа, едногласно беше усвоен Извештајот за работа за 2025 година, како и Мислењето за Буџетот за 2026 година.