Претседателот на Фискалниот совет, проф. д-р Абдулменаф Беџети, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува рамка за институционална соработка меѓу двете институции.

Со Меморандумот се предвидува реализација на заеднички научни и стручни активности, размена на експертиза и вклучување на академскиот кадар и студентите во анализи и истражувања поврзани со јавните финансии и фискалната политика.

Соработката има за цел унапредување на експертската поддршка и зајакнување на врската меѓу Фискалниот совет и академската заедница.