На 28 март 2025 година, Фискалниот совет претставуван од проф. д-р. Абдулменаф Беџети и проф. д-р. Марина Трпеска потпиша меморандум за соработка со Државниот завод за статистика. Целта на состанокот беше да се разгледа соработката помеѓу двете институции во областите на фискални анализи, податоци за јавните финансии, како и да се испитаат можностите за заедничка работа на проекти кои ќе го поддржат економското планирање и мониторингот на јавните политики и ќе помогнат во донесувањето одлуки базирани на емпириски факти.