На 3 јули 2025 година се одржа прес-конференција на Фискалниот совет, на која беа претставени новите канали на комуникација со јавноста, анализата подготвена од истражувачи на Универзитетот на Југоисточна Европа, како и клучните препораки на Фискалниот совет кои произлегуваат од мислењата за ребалансот на Буџетот за 2025 година, Фискалната стратегија 2026–2030 година и анализата за одржливоста на јавниот долг.