Фискалниот Совет на Република Северна Македонија ја известува јавноста, дека мандатот на сегашниот Претседател на Фискалниот Совет на Република Северна Македонија, Д-р Глигор Бишев му истекува на 19 септември 2025 година. Согласно со тоа, на седницата одржана на 22 август 2025 година, Фискалниот Совет го избра Академик Абдулменаф Беџети за Претседател и Д-р Марина Трпеска за Заменик Претседател на Фискалниот Совет, со мандат од 19.09.2025 година.