министерка

На 18.06 се одржа средба на која се разменија мислења околу Фискалната стратегија и долгорочната ориентација на фискалната политика. Притоа, обострано беше заклучено дека здрава, предвидлива и стабилна фискална политика е клучна за одржување на макроекономската стабилност и економскиот раст. Исто така, претседателот на Фискалниот совет ја информираше министерката Кочоска за градењето на институционалниот капацитет на вработените во Стручната служба на Фискалниот совет, како и за развојот на модел прилагоден на потребите на Република Северна Македонија за оценка на фискалната одржливост и одржливоста на јавниот долг.