Средба на Фискалниот совет со Министерката за финансии

На 12 јули 2024 година членовите на Фискалниот совет остварија средба со Министерката за финансии г-ѓа Гордана Димитриеска Кочовска. На средбата Фискалниот совет ја запозна Министерката со својата работа и планираните активности од суштински и технички карактер. Разменети беа мислења околу фискалните политики и главните предизвици со кои се соочува Министерството и јавните финансии во земјата.