Претседателот на Фискалниот соверт д-р. Глигор Бишев учествуваше на 6. сесија на Работната група 6 – Антикорупција на тема „Административни капацитети за унапредување на вредноста на потрошени јавни средства: Што можеме да научиме од искуствата на ЕУ?“, која се одржа на 17 Јули 2025 во „Клубот на Пратениците“ во Скопје.

Тој нагласи дека се потребни суштински реформи за да се зајакнат административните капацитети за системско планирање и јавните расходи, како и да се подобри реализацијата на јавните инвестиции, иако тоа претставува долг и болен процес.

Напомена дека без ефикасна држава нема образована работна сила, нема вештини, нема иновации и дека е потребна инфраструктура и ефикасност. Државите што ќе успеат да го испорачаат ова добиваат просперитет и пристап кон интегративниот процес.