Формирањето на фискалниот совет е предвидено за Законот за буџети од 2022 година (Службен весник бр. 203/2022), член 11. Членовите на Фискалниот совет се избрани на пленарна седница во Собрание на 19 септември 2023 година, а нивната конститутивна седница ја одржаа на 10 октомври 2023 година.

Академик проф. д-р Абдулменаф Беџети е Претседател на Фискалниот совет на Република Северна Македонија.
Има дипломирано економија во 1982 година, а магистрирал (1999) и докторирал економија на Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2002 година.
Има околу четириесет годишно искуство во професионални и во академски области, како и во микро и макроекономија и во областа на јавните финансии. Исто така, во управувањето со јавниот сектор, почнувајќи од почетокот на 1994 година и три години подоцна (почетокот на 1996 г. до крајот на 1998 г. ) бил Министер за развој и Министер за транспорт и врски во Владата на РМ.
Од почетокот на 1999 до 2001 година е ангажиран како предавач на Универзитетот во Тетово.а (УЈИЕ) во 2001 година, тој е ангажиран во академскиот кадар, а исто така и во раководството на Универзитетот. На самиот почеток како декан на Факултетот за бизнис администрација, подоцна како Проректор за финансии и за развој и од 2018 година како Ректор на УЈИЕ-Тетово. Во текот на 2005 година два месеци бил на постдокторски студии во Кели бизнис школата –Индијанаполис (Kelley Business School – Indianapolis) во САД. Подоцна во 2009 година, две недели, тој ја следел Програмата за лидерство на универзитетите во САД – на Универзитетот во Северна Каролина и на Универзитетот Џорџ Вашингтон ДС.
Од 2002 година е декан на Факултетот за бизнис администрација и од 2006 година проректор за финансии и развој на Универзитетот, од 2012 година ги напушти овие позиции поради членството во Одборот на УЈИЕ. Во 2012 година станува редовен член на Македонската академија на науките и уметностите, а од 2021 година како дописен член на Академијата на науките и уметностите на Косово. Од 2023 година ја води Интеруниверзитетската конференција во Република Северна Македонија.
Во последните 30 години тој е многу продуктивен со анализи, истражувања и публикации во областа на економијата како и во меѓународни и во регионални научни списанија. Во последниот период неговата научна продуктивност стана поинтензивна и во двете институции, Универзитетот и академијата, истовремено и како редовен професор по економија на УЈИЕ. Тој има објавено пет книги (самостојно) и четири како коавтор во различни поглавја од книги. Тој има објавено повеќе од 70 истражувачки трудови, 50 проекти и повеќе од 400 анализи и колумни.
Проф. д-р Марина Трпеска има докторирано во област Економија, поле сметководство и ревизија. Таа е редовен професор при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Економски факултет – Скопје и продекан за финансии на истиот. Претходно својата кариера ја има започнато во Министерството за финансии, Сектор за трезор. Била визитинг истражувач на George Washington University, Georgetown University, University of Graz и Indiana University. Има објавено бројни публикации во областа на сметководството и ревизијата.

Проф. д-р Дарко Лазаров има докторирано во областа економија на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2014 година. Тој е редовен професор на Економски факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип со повеќе од 18 годишно академско и научно искуство.
Тој во текот на својата академска кариера има остварено повеќе студиски и истражувачки престои на престижни европски универзитети и бил визитинг професор на Универзитетот Јауме I – Шпанија во 2014 година. Воедно, учествувал на меѓународни конференции и симпозиуми во повеќе земји како Германија, Полска, Австрија, Шпанија, Данска, Италија, ОАЕ, Луксенбург, Словенија, Хрватска, Грција и други земји. Истовремено, проф. Лазаров е автор на повеќе научни публикации објавени во реномирани меѓународни списанија, како и автор на бројни колумни, стручни статии и научни прилози.
Тој е добитник на наградата за млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството што ја доделува Народната банка на Република Северна Македонија, како и на наградата “8 Ноември” што ја доделува Општина Штип за придонес во развојот на македонската економија и промоција на градот Штип.
Учествувал во бројни научно-истражувачки и стручно-апликативни проекти чии носители и поддржувачи биле МАНУ, Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, Заедничкиот истражувачки центар на ЕУ, Европска комисија, УСАИД, Швајцарска развојна агенција, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, Министерство за економија, Европскиот институт за технологија, Стопанска комора на Северна Македонија и други институции, каде што бил ангажиран во спроведување на економски анализи и истражувања поврзани со долгорочните развојни перспективи на земјата, поттикнување на иновациите, поддршка на конкурентноста на приватниот сектор, фискална политика и фискална одржливост.
Истовремено, учествувал како експерт во изработка на повеќе национални стратегии и стратешки документи во областа на економијата и бил дел од работни групи задолжени за подготовка и анализа на различни законски и тематски документи од областа на економијата и приватниот сектор.