Фискално управување на Европската унија и улогата на Фискалниот совет

На 11.3.2025 година, Фискалниот совет заедно со Светска Банка одржа конференција за „Фискално управување на Европската унија и улогата на Фискалниот совет“. На конференцијата учествуваа претставници на Светска Банка во Македонија, Раководителот на Секретаријатот на Европскиот фискален одбор, Раководителот на Националната единица за фискални рамки како и Потпретседателот на мрежата на независните фискални институции во ЕУ. Покрај нив, во Панел дискусиите учествуваа и деканот на Економскиот факултет при УКИМ, деканот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Академик Таки Фити како претставник на МАНУ како и Главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија. Преку нивните излагање беа искажани потребите за постоење на Фискалните совети и нивната улога во одржување на прудентна фискална политика која ќе се држи до востановените фискални правила.